Свет
23. October 2016 - 17:58

Американскиот министер за одбрана се сретна со курдскиот лидер Масуд Барзани

Министерот за одбрана на САД Ештон Картер го посети денеска ирачкиот град Ербил за да разговара со курдски лидери, чии сили започнаа нова офанзива на Мосул, контролиран „Исламска држава" Мосул.

Картер се сретна со курдскиот лидер Масуд Барзани и со американски војници кои имаат улога на советници на курдските милиции Пешмерга.

- Тие (пешмергите) се борат исклучително добро. Но водат тешки битки и трпат човечки загуби, рече Картер, кој го помина вчерашниот ден во Багдад.

Портпаролот на курдските сили, бригадниот генерал Халгорд Хекмет изјави за новинарите дека 25 милитанти од Пешмерга загинале од почетокот на битката за Мосул. Тој рече дека неговите луѓе имаат потреба од повеќе борбена техника, особено оклопни возила.

Картер изрази задоволство од добрата координација меѓу ирачките владини сили и курдските борци и покрај тензиите меѓу Багдад и регионалната влада во Ербил.