Американскиот лекар призна дека сексуално злоставувал повеќе од сто жени
Лари Насар, лекарот на женската гимнастичарска олимписка екипа на САД, кој се товари за 105 случаи за сексуално злоставување на жени и девојки, по повеќемесечно демантирање и молчење, се изјасни за виновен во судот во Мичиген, тврдејќи дека се кае за стореното.
Насар е обвинет дека сексуално ги злоставувал девојчињата додека наводно ги лекувал во неговиот дом или во клиниката на Универзитетот „Мичиген Стејт“, каде што беше вработен.
Пресудата за Насар ќе биде изречена во јануари, а можно е да добие затворска казна од најмалку 40 години.
Тој се соочи и со други обвиненија, меѓу кои и поседување на детска порнографија.
- Сакам нивните повреди да бидат излекувани, сакам општеството да ги излекува. Немам непријателски чувства кон никого. Само сакам лекување, време е, и верувам дека тоа е најважна работа, истакна обвинетиот лекар на суд.
Судијката Розмари Аквилина го критикуваше Насар дека тој го искористил тоа што му била дадена доверба на најужасен начин - да злоставува деца.
- Се согласувам дека сега е време за лекување, но на нив можеби ќе им биде потребен цел живот за да ги залечат раните, додека вие целиот живот ќе го минете зад решетки, наведе Аквилина.
Жртвите се гневни не само на Насар, туку и на лицата кои го штителе.
- Ние ги изнаверивме како општество, како образовен систем. Ги изневеривме преку нашиот кривичен систем, се до денеска, истакна адвокатот Џон Менил, наведувајќи дека случаите можеле да бидат спречени доколку властите одговореле на жалбите на девојките.
Ново на Сител
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање
-
Во Брисел почна трилатерален состанок на делагациите од Белград, ЕУ и од Приштина
-
Радовишанец во повеќе наврати извршил обљува врз малолетничка
-
Врховен го укина притворот на таткото на Вања, определи куќен притвор и мерка на претпазливост