Свет
23. February 2017 - 8:55

Американскиот државен секретар Тилерсон во посета на Мексико

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон пристигна во Мексико каде ќе се сретне со лидерите на таа земја, настојувајќи да се ублажат дипломатските тензии поради трговската и миграциската политика на претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тилерсон денеска ќе разговара со мексиканскиот претседател Енрике Пења Нието.

Мексиканскиот министер за надворешни работи Луис Видегарај вчера истакна дека Мексико нема да прифати нови, еднострани предлози на САД во врска со миграцијата и нема да размислува да се обрати до ОН, со цел да ги заштитат мигрантите.