Свет
22. January 2018 - 20:27

Aмериканскиот амбасадор учествуваше во капењето за Богојавление - присутните останаа без зборови

Амбасадорот на САД во Москва, Џон Хантсман учествуваше во капење на големиот христијански празник Богојавление-Водици. Хантсман го посети Воскресенскиот новоерусалимски манастир во придружба на семејството.

Претставници на Руската православна црква му зборувале на амбасадоро за Манастирот и историјата на иконите, а потоа тој и неговата сопруга и ќерката Греј запалиле свеќи.

Хантсман и претставници на дипломатската мисија се упатиле кон реката Истра, каде имало дел подготвен за капење.

 

Амбасадорот бил задоволен од капењето и го опишал како „незаборавно искуство“ Останатите америкаснки дипломати го следеле примерот на амбасадорот.

-Чувствувам голема поврзаност со Руија. Ова е незаборавен момент и незаборавно искуство. Големи впечатоци собрав за вашата традиција. Читав многу, гледав снимки на Јутјуб и посакав да учествувам во ова - истакнал Хантсман за руските медиуми.