Свет
27. јуни 2017 - 9:32

Американски медиуми: Редит ќе биде вреден 1.7 милијарди долари

Популарниот американски онлајн форум Reddit во потрага е по свеж капитал со кој би му се дала валуација од дури 1,7 милијарди долари, објавија американски медиуми.

Популарниот Reddit зад кој се популарни вложувачи како Марк Андерсон, Питер Тилер, Џаред Лет и Снуп Дог, сака да обезбеди дополнително финансирање во износ од 150 милиони долари и со тоа вреднување на целата компанија на износ од 1,7 милијарди долари.

Reddit е основан во 2005 година и според податоци на интернет компании за анализа, е седма најпосетена светска онјалн дестинација.