Американски конгресмен поднесе оставка поради обвинувања на „сексуално вознемирување“
- Американскиот републикански конгресмен Трент Френкс синоќа соопшти дека поднесува оставка на функцијата член на Претставничкиот дом на Конгресот на САД, откако конгресната Комисија за етика започна истрага против него за „сексуално вознемирување“.
Френкс првично најави дека ќе се повлече од Конгресот на крајот од јануари, но сепак реши веднаш да поднесе оставка, откако вчера неговата сопруга била пренесена в болница.
Републиканскиот конгресмен од Аризона и покрај оставката тврди дека никогаш не принудувал на сексуален однос свои колешки или соработнички.
Аферата со Френкс избувна откако негова поранешна соработничка го обвини дека и вршел пристисок да биде сурогат мајка на неговото дете, за што и нудел пет милиони долари.
Како што јави МИА, Френкс е трет член на американскиот Конгрес кој поднесува оставка поради обвинувања за сексуално вознемирување или малтретирање,
Во четвртокот оставка најави и сенаторот Ал Франкен, кој беше обвинет за „непримерно сексуално однесување“, додека пред две недели местото во Претставничкиот дом го напушти демократот Џон Кониерс, поради обвинувањата дека сексуално вознемирувал повеќе жени, меѓу кои и негови соработнички.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација