Свет
24. March 2017 - 8:56

Американски држави бараат од Венецуела ослободување на политичките затвореници и избори

Четиринаесет американски држави побараа од Венецуела да ослободи политички затвореници и да подготви избори. Тие упатија такво барање со заедничка изјава објавена од мексиканското МНР.

Потписници се Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија, Костарика, САД, Гватемала, Хондурас, Мексико, Панама, Парагвај, Перу и Уругвај.

Со изјавата се повикува на дијалог и преговори за надминување на кризата во државата каде има недостиг од храна и од горива. Отстранување на Венецуела од Организацијата на американски држави е опција што може да се искористи во краен случај и подобро да не се стигне до тоа, освен ако не дадат резултат и сите други дипломатски средства, се додава во изјавата.

Во Венецуела во затвор се околу 100 противници на владата обвинети за поттикнување насилство и планирање соборување од власт на претседателот Николас Мадуро.