Балкан
16. May 2017 - 20:25

Американски дипломати ги предупредија косовските партии да внимаваат кого ставаат на изборните листи (КРГ)

Американски дипломати ги предупредија косовските политички партии да внимаваат кого вклучуваат во листите за претстојните предвремени парламентарни избори, истекнувајќи дека таму не треба да се наоѓаат лица кои се предмет на обвинувања или казни, пишува денеска приштинскиот весник „Коха диторе", пренесува Танјуг.

Портпаролката на американската амбасада во Приштина Мишел Мајкл Шон изјави за весникот дека се надева оти на листите нема да бидат луѓе „обележани" од корупција.

- Како што рече американскиот амбасадор Грег Делави во интервју минатата недела, многу е важно сите политички партии да изберат луѓе кои ќе ги инспирираат младите луѓе и чии приоритети се интересите на Косово и косовскиот народ, истакна Шон.

Косовскиот претседател Хашим Тачи ги закажа изборите за 11 јуни, откако парламентот изгласа недоверба на владата на Иса Мустафа. Гласањето недоверба беше поддржано и од пратениците на Демократската партија на Косово, коалициски партнер на Демократскиот сојуз на Косово на Иса Мустафа.