Свет
20. December 2015 - 11:40

Американската Амбасада во Тунис предупредува на можен напад врз трговски центар во главниот град

Американската Амбасада во Тунис ги предупреди денеска граѓаните на САД да избегнуваат голем трговски центар во главниот град Тунис поради опасност да биде извршен таму терористички напад.

Американските граѓани се предупредени да го избегнуваат реонот Берж ду Лак каде е  трговскиот центар.

Во Тунис беше прогласена вонредна состојба по самоубиствениот напад од минатиот месец извршен врз автобус во кој се превезуваат припадници на претседателската гарда.