Американската Амбасада апелира до своите граѓани во Албанија да бидат внимателни
Американската Амбасада во Тирана ги предупреди своите граѓани во Албанија да бидат внимателни во текот на утрешниот ден, кога во Парламентот ќе се гласаат правосудните реформи.
Во „пораката за безбедност“ се наведува дека амбасадата не е вознемирена од некоја специфична закана против американските граѓани или американските интересите, но дека тие треба да покажат будност.
Во предупредувањето на абасадата се додава дека треба да избегнуват било какво демонстрирање или протести, што би можеле да се случат по гласањето во Парламентот.
- Следете ги локалните медиуми и информации за да ги планирате личните патувања и активности. Сите американски туристи или граѓани кои престојуваат во Албанија треба да внимаваат на безбедноста, се наведува во соопштението на американската амбасада во Тирана.
За секоја специфича вознемиреност во врска со безбедноста, се советува, тие да се јават кај албанските власти.
Ново на Сител
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Парламентарни избори 2024
-
Преглед на вестите од светот
-
Од утре започнува изборниот процес - Во домашни услови ќе гласаат болните и изнемоштените лица
-
Последен ден од кампањата за претседателските избори
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Конкурсот за АСЈО повторно пред Уставен, одлука ќе носи вечерва
-
Со куфери и авионски билети приватните специјализанти протестираа пред Министертсвото за здравство