Живот
29. December 2015 - 10:26

Американка доживеа неверојатно божиќно изненадување

Ива Геб од градот Френклин во американската сојузна држава Индијана доживеа неверојтно изнандување за Божик, кое и го приредија синот и снаата.

Имено, уште пред Божик, таа била изненадена од највата на нејзиниот син Дони дека „ќе си дојде дома за празниците“, иако Ива очекувала дека за време на празникот синот и неговата сопруга ќе бидат на Хаваите, каде тој работи за американското Воено воздухопловство.

Но, кога Дони и неговата сопруга Миранда пристигнале, Ива ја очекувало уште поголемо изненадување. Имено, тие дошле заедно со девојчето кое го посвоиле, а за што не и кажале на Ива.

Првата средба со бабата и внучето е снимена со камера, а снимката од реакцијата на Ива набрзо се најде на интернет и воодушеви многумина.

- Никој од членовите на нашето семејство не знаеше дека ќе дојдеме за Божик, а камо ли дека ќе дојдеме со бебе. Тие беа шокирани и воодушевени, изјави Миранда за „Дејли Мејл“.

Според весникот, несомнено членовите на семејството на Ива овој Божик ќе го помнат до крајот на своите животи.