Американец на 20 години „замина во пензија“, еве како
Шејн Мислер, 20-годишен жител на градот Порт Ричи во американсата сојузна држава Флорда, реши да „замине во пензија“, откако на лотаријата „Мега Милион“ освои џек пот во износ од 451 милиони долари.
Тоа е четврта најголема добитна премија во историјата на американската лотарија.
Лотаријата соопшти дека добитник на џек потот во последното коло од „Мега Милион“ е „контролорот во пензија Шејн Мислер“.
Мислер решил одденаш да му бидат исплатени речиси две третини од премијата или сума од 281,2 милиони долари.
Добитниците на премии на лотарија во САД имаат можност да изберат дали сакаат им биде исплатена целата добивка, при што еден мал дел добиваат веднаш, а остатокот на рати или пак сакаат исплата оддеднаш, при што добиваат речиси две третини од премијата. Мислер се решил за втората варијанта.
- Планирам да се погрижам за моето семесјтво, да се забавувам и да поставам темели за мојот финансиски успех, за да оставам наследство зад себе во далечна иднина, изјави Мислер.
Тој истакна оти не бил изненаден од добиваката, бидејќи „чувствувал“ дека ќе му се падне џек потот откако го уплатил тикетот.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација