Живот
26. April 2017 - 20:33

Американците слепо веруваат на навигација, па двапати блокираа полски град

Американските војници од оклопната бригада распоредена во западниот дел на Полска како засилување за источното крило на НАТО, толку многу веруваа на сателиската навигација (ГПС) што во рок од 24 часа два пати наместо на автопат за Познањ, се изгубиле во местото Вжешењ и ги блокирале неговите тесни улици.

Првиот пат, следејќи ја сателитската навигација, американскиот конвој од неколку борбени возила и камиони се изгуби во Вжешењ во понеделникот и тоа во време на попладневниот сообраќаен метеж, кога населението се враќа од работа.

Конвојот се заглави во неколку улици во центарот, јавува денеска приватната полска телевизија TBH 24.

- Сообраќајот беше прекинат еден час. Нашите полицајци ги придружувале до автопатот и тие отидоа во насоката Познањ и со тоа нашата работа заврши, рече Адам Војчињски од локалната полиција.

Не поминаа ни 24 часа, а американскиот конвој, повторно верувајќи дека сателитската навигација ги води кон автопатот, се појави денеска во Вжешњ  и повторно тешките возила се заглавија во центарот и го парализираа сообраќајот, овој пат во утринскиот шпиц, додека полицијата не ги извлече од ценарот.