Loading Video...
Свет
18. February 2018 - 21:56

Американците се дигнаа на протести по последниот масакр во училиште во Флорида

Флорида на нозе.  Низ повеќе градови на американската созјуна држава се одржуваат протести за построг закон за поседување на оружје во САД по последниот масакр во училиште во кое загинаа 17 ученици и возрасни лица. 

Во протестите во Паркленд , учестуваа и ученици од средното училиште во кое се случи нападот извршен со полуавтоматска пушка  AR -15, која 19 годишниот напаѓач  ја поседувал легално.

- Ова не е само проблем со менталното здравје. Тој немаше да повреди толку многу ученици  со нож.  Политичарите седат во своите позлатени куќи и во Сенатот, а финансисрани од страна на НРА и ни велат дека ништо не можело да се направи за да спречи нападот, порача Ема Гонзалес

Во емотивниот говор ученичката Гонзалес го критикуваше претседателот ТРамп кој одби да ја коментира врската меѓу лесната достапност на огненото оружје и масакрот во Флорда , туку и овој напад, како и претходните  го поврза со менталното здравје на  напаѓачот .

- Ако претседателот сака да се појави и во лице да ми каже дека се случи ужасна таргедија и дека не требало да се случи, и да продолжи да не убедува како во врска со тоа ништо не може да се направи, ќе бидам среќна да го прашам колку пари добил од Национлната асоцијација за огнено оружје, додаде Гонзалес.

По масакрот, ФБИ призна дека имале  но не реагирале на дојавите дека Николас Круз поедува оружје и дека  често на социјланите мрежи објавувал пораки дека сака да стане професионалне убиец на ученици.  Поради пропустите гуверенерот на Флорида побара оствака од првиот човек на ФБИ а претседателот ТРамп порача дека нападот можеби можел да биде спречен ако бирити бне троешпело толку време на истрата на руското мешање во американските претседателски  избори во 2016 година.