Фудбал
7. October 2017 - 11:05

Американците на чекор до Русија

Фудбалската репрезентација на САД ноќеска постигна важна победа во борбата место на пласман на Светското првенство во Русија откако на домашен терен ја совлада Панама со 4:0. Со овој триумф тие ја минаа Панама на табелата и во последното коло гостуваат кај последнопласираниот тим во групата Тринидад и Тобаго.
На вториот дуел од 9.коло од КОНКАКАФ зоната Мексико со 3:1 го победи Тринидад и Тобаго. Третиот дуел од ова коло меѓу Костарика и Хондурас се игра вечерва.
Табела: Мексико 21 бод, Костарика 15, САД 12, Панама 10, Хондурас 9, Тринидад и Тобаго 3.