Американците ги испразнија продавниците поради ураганот Метју
Празни полици во продавниците и долги редови на бензиските пумпи се честа глетка на патиштата на југоисточниот брег на САД во момент кога граѓаните од приморските места се подготвуваат за евакуација поради урганот Метју.
Метеоролозите се уште не се сигурни колку силен ќе биде ударот од ураганот кога ќе стигне до САД, но Јужна Каролина се подготвува да евакуира речиси една четвртина од населението, додека другите сојузни држави ја активираа Националната гарда.
Граѓаните почнаа да прават залихи, а во некои продавници снема леб, млеко и батерии.
Во Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина прогласена е вонредна состојба поради доаѓањето на ураганот од категоријата три преку Карибите, а се очекува во текот на неделата да го погоди брегот на САД.
Се предвидува ураганот да го погоди брегот на Јужна Каролина в сабота, а ветерот да се движи до 160 километри на час.
Во налет на ураганот во Доминиканска Решублика загинаа четири лица, а оштетени се 200 куќи, а властите евакуираа 800 луѓе.
Претходно, ураганот Метју на Хаити усмрти три лица.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност