Loading Video...
Свет
22. January 2018 - 22:37

Америка влезе во третиот ден од финансиската блокада

Америка влезе во третиот ден од финансиската блокада. Стотици илјади владини службеници со нетрпение  го очекуваат исходот од денешната седница  во Сенатот за   финансирање на владата. Во петокот сенатот не го изгласа  ребалансот на буџетот кој би овозможил нормално финансирање на владата до средината на февруари. Со блокадата, не запираат со работа сите агенции, програми и услуги  кои ги финансира федералната влада, туку вработените во агенциите и министрествата кои не се сметаат за клучни нема да доаѓаат на работа, додека не се постигне договор.   Доколку гласањето  не биде позитивно, пред Соединеите држави е неизвесен период. Ако се најде решение ,претседателот ТРамп  изјави дека ќе отпатува за Давос, на светскиот економски форум.