Живот
15. јуни 2017 - 23:19

„Америка има талент“: Кристијан има 16 години, а веќе го освои светот

На аудиците на „Америка има талент“ пред светот беше откриен уште еден огромен талент.
 
Станува збор за 16 годишното момче Кристијан Гуардино кој со својата изведба на „Who’s Lovin’ You“ ги маѓепса сите присутни.
 
Еден од судиите во ова популарно шоу Хоуи Мендел му ја оствари желбата на Кристијан и го притисна златното копче, испраќајќи го директно во настапите во живо.
 
Најголем дел од својот живот, Кристијан бил слеп, но со соодветна терапија докторите успеале да му го вратат видот и тој сега гледа одлично со помош на очила.