Македонија
27. May 2016 - 14:47

Амбасадорот Раковец во псоета на Гевгелија

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Иван Франгов денеска оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Македонија, Бранко Раковец, со кого разговараше за актуелните случувања и развојот на општината.

На средбата Франгов го запознал амбасадорот Раковец со активностите на општината на полето на позначајните инфраструктурни проекти како и за последиците што ги претрпе општина Гевгелија од бегалската криза.

Амбасадорот Раковец во однос на соработката меѓу двете земји, рече дека неколку гевгелиски фирми веќе се присутни на словенечкиот пазар, но потенцираше дека тоа е малку и оти во иднина треба повеќе да се работи на можностите за поголемо присуство на компаниите од општина Гевгелија на пазарот во Словенија.

Присуството во Гевгелија амбасадорот Раковец го искорити и за посета на словенечкиот контингент полицајци, кои заедно со колегите од Македонија и другите земји патролираат на јужната граница.