-->
-->
Амбасадорот на САД во Панама поднесе оставка: Не можам да му служам на Трамп
-->
Оние кои ме обучуваа јасно ми ставија до знаење дека доколку верувам дека не сум во состојба, имам чесна обрвска да поднесам оставка, изјави Џон Фили.
Амбасадорот на САД во Панама Џон Фили денеска поднесе оставка, посочувајќи дека чувствува оти повеќе не е подготвен да му служи на американскиот претседател Доналд Трамп.
- Како млад службеник на надворешно политичките служби, дадов заклетва дека верно ќе му служам на претседателот и на неговата администрација на аполитичен начин, дури и кога можеби не се согласувам со одредена политика. Оние кои ме обучуваа јасно ми ставија до знаење дека доколку верувам дека не сум во состојба, имам чесна обрвска да поднесам оставка. Дојде тој момент, наведе Фили во писмото што го упатил до Стејт департментот.
Претставник на Стејт департментот го потврди заминувањето на Фили, наведувајќи дека тој „ги известил Белата куќа, Стејт департментот и Владата на Панама дека на 9 март годинава ќе ја напушти функцијата поради лични причини“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто
-
24-годишна девојка нападната од нејзиниот невенчан сопруг
-
Силувана малолетничка во Шуто Оризари
-
Во Крива Паланка излезноста до 13 часот е 42,08 отсто
-
Излезноста до 13:00 часот во Делчево и М.Каменица се движи од 24 до 29 отсто
-
Во Велес и велешко до 13 часот излезноста е 29,56, во Градско 33,51 процент
-
Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче