Амбасадорот Карајанов на проштална средба кај албанскиот претседател Мета
Албанскиот претседател Илир Мета денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Република Македонија, Стојан Карајанов, кому му искажал висока оценка за ангажираноста во унапредувањето на македонско-албанските односи и соработката.
- Осврнувајќи се на интензивирањето на билатералните односи и размена на посети на највисоко ниво, претседателот Мета ја пофали заложбата на амбасадорот Карајанов и личниот придонес во зајакнувањето на соработката меѓу Албанија и Македонија, стои во соопштението објавено на официјалната веб страница на претседателскиот кабинет.
Исто така се наведува дека претседателот Мета, изразил уверување оти, и по завршувањето на неговата дипломатска мисија во Албанија, амбасадорот Карајанов ќе биде активен промотор на албанско-македонските односи.
Карајанов на дипломатската позиција во Тирана, Албанија замина во 2013 година по амбасадорскиот мандат во Прштина, Косово.
Ново на Сител
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени