Македонија
27. April 2017 - 21:02

Амбасадорите го осудија насилството, апелираат за дијалог и полициска интервенција

Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија вечерва упатија апели дека не е време за насислтво, туку време за дијалог. Во име на дипломатите, Амбасадорот на Шведска Матс Стефансон ја повика јавноста на воздржаност, а полицијата на вовоедување ред.

Од меѓународната заедница, прв се јави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, кој на твитер напиша:

,,Ги осудувам нападите врз пратениците во Скопје на најсилен начин. За насилството нема место во Собранието. Демократијата мора да продолжи по својот курс’’

Доцна вечерва Хан во заедничка изјава со Високиот претставник Федерика Могерини најсислно ги осудија денешните напади врз пратениците во Собранието.

,,Чинот на насилство во Собранието е целосно неприфатлив и сите ги повикуваме на смиреност и воздржаност. Министерството за внатрешни работи мора да осигура безбедност на Собранието и на пратениците.

Демократијата мора да продолжи по својот курс. Позитивно го нотираме изборот на Талат Џафери за собраниски спикер, како што не известија.

ЕУ е убедена дека политичкиот дијалог во институциите е единствениот пат напред и ги повикуваме сите политички чинители да го почитуваат Уставот на земјата и да делуваат во духот на демократските принципи, достоинство и заеднички разум’’.

Двајцата европретставници дополнуваат дека Македонија ЕУ е подготвена да работи со Собранието на потребните реформи што ќе ја придвижат земјата по европскиот пат.