Македонија
27. April 2017 - 22:42

Амбасадата на САД повика на смиреност и воздржување од насилство

Американската амбасада во Македонија вечерва преку соопштение објавено на нејзината фејсбук страница ги осуди денешните случувања во македонското Собрание и повика на смиреност, воздржување од насилство и почитување на правниот поредок.

- Најостро го осудуваме насилството во Парламентот. Тоа не е во согласност со демократијата и не е прифатлив начин за решавање на разликите. Клучно е сите партии да ги почитуваат демократските процеси и правото и да се воздржуваат од насилни активности кои ја влошуваат ситуацијата. Мнозинството од пратениците го избраа Талат Џафери за претседател на Парламентот за време на регуларна, продолжена сесија на Собранието посведочено од јавноста и медиумите. Ние ќе работиме со него за поддршка на демократијата во интерес на Македонија, се вели во соопштението од Амбасадата на САД.