Македонија
29. August 2016 - 19:45

Алко-тест за управувачите на кајчиња, глисери и бродови во Охрид

Инспекторите со засилени контроли врз пловилата во водите на Охридското езеро.Кајчарите ,бродарите оние кои управуваат глисери и катамарани покрај техничката исправност и опременост подлежат и на алкотест.Од Капетанијата на пристаништата велат дека наутичарите не треба да бидат изненадени доколку дојдат во ситуација при пловење или на самиот брег да им биде тестирана количината на алкохол во крвта.

За безбедноста на патниците сите пловила треба да имаат заштитни појаси, сидро, венец за спасување, противпожарен апарат и радио врска со капетанија.

Надлежните повеќе нема да ги предупредуваат туку најавуваат ригорозни казни и за сите оние кои пловат под дејство на алкохол.

Инаку главниот туристички центар е исполнет со гости ,најбројни се странските оние од Холандија Белгија Германија ,Данска Полска Турција кои организирано од месец мај до октомври летуваат на брегот на Охридското езеро а голем е бројот и на домашните и оние од нашето соседство.