„Алиталија“ и „Ер Канада“ ги забранија „Галакси ноут 7“ во нивните авиони
Италијанската авиокомпанија „Алиталија“ го забрани внесувањето на смартфонот „Галакси Ноут 7“ (Galaxy Note 7) на јужнокорејската компанија „Самсунг Електроникс“ (Samsung Electronics) во нејзините авиони, пренесоа американските медиуми.
Забраната влезе во сила веднаш, информира авиокомпанијата.
Во соопштението на „Алиталија“ се посочува дека забраната е наметната врз основа на аналогната забрана на Министерството за транспорт на САД, која има за цел да ги гарантира максималните безбедносни стандарди.
„Алиталија“ веќе го имаше забрането ставањето на смартфоните „Галакси ноут 7“ во багажот или во транспортните авиони. Од денеска се забранува и нивното внесување во авионот како рачен багаж.
„Ер Канада“, исто така, соопшти дека го забранува внесувањето на смартфонот во нејзините авиони поради ризикот од пожар, пренесуваат француските меидуми.
Во соопштението на најголемата компанија за воздушен транспорт во Канада се прециизра дека патниците нема да имаат правото да се качуваат во авионите на „Ер Канада“, „Ер Канада руж“ и „Ер Канада експрес“ со „Галакси Ноут 7“. Тие нема да имаат и право да го пренесат во нивниот рачен багаж.
За да се избегнат потенцијални конфликти, како последица на забраната, компанијата создава политика која на патниците ќе им дозволи да земат друг лет.
Доколку не се потчинат на наредбата, патниците може да бидат парично казнети или против нив да се поднесе тужба.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка