Македонија
10. March 2018 - 19:13

Алијансата на Албанците ќе се залага за двојазичност и бинационална држава

Двојазичност и бинационална држава. Тоа се двете главни програмски определби на Алијансата на Албанците за следните четири години.

На првиот Конгрес на партијата Зијадин Села беше реизбран за претседател, како единствен кандидат за лидерската позиција, а поддршка доби и актилното Претседателство на Алијансата.

- Треба да се измени реченицата за јазик кој се врзува со проценти, а и да се наведе стриктно албански јазик и дека редифеинирање на државата како бинационална држава со дводомен парламент, смета Села.

Села побара обедунување на албанската опозиција против ДУИ, а најави соработка и со двете крила на БЕСА, чии претставници беа гости на Конгресот.

Претходно, во својот говор пред делегатите потпретседателот Таравари коментираше дека пред да влезат во владина коалиција со СДСМ мислеле дека имаат многу заеднички нешта со партијата на Заев. Но откако влеговме во владата, рече Таравари, сфативме дека тоа не е така.

Пред одржувањето на Конгресот, партискиот огранок од Бутел обвини дека во партијата нема демократија и дека однапред се знае дека Села ќе е победник

Села ги негираше ваквите обвинувања

-Нема право ниту Заев ниту кој било друг да се меша во партијата, дециден е Села.

Алијансата на Албанците направи и статутарни промени со кои ограничи претседателот да има најмногу два мандати, а дозволи и франкционерство во партијата.