Свет
19. March 2018 - 10:36

Алибаба нуди две милијарди долари за преостанатиот дел од Лазада

 Компанијата Алибаба понуди две милијарди долари за преземање на преостанатиот дел од групацијата Лазада, која се занимава со интернет продажба во југоисточна Азија.

Алибаба веќе поседува 83 проценти од Лазада, која се соочуваше со загуби во изминатиот период.

Според понудата, Луси Пенг од Алибаба ќе стане новата директорка на Лазада, а основачот на оваа компанија Макс Битнер ќе биде примен како виш советник во Алибаба.

Алибаба се соочува со зголемена конкуренција од Амазон за азискиот пазар. Амазон лани воведе можност за испорака на купените производи во рок од два часа во Сингапур во обид да преземе дел од пазарот од Алибаба