Александрова: СДСМ вешто ги изманипулира граѓаните, а за сметка на тоа си ги полнат личните сметки
СДС им ветуваа на граѓаните живот и плата од 500 евра, а граѓаните добија само сиромаштија, покачување на акциза, покачување на даноците, милионски задолжувања и хаос во институциите.
Заев и СДС ги излажаа граѓаните. Ветуваа 500 евра просечна плата, а платата откако дојдоа на власт се намалуваше.
Заев и СДС ги излажаа и докторите. Ветуваа 100.000 денари плата за докторите специјалисти, а кога дојде ред да се спроведе им го свртеа грбот на докторите.
Заев и СДС државата ја задолжија над 600 милиони евра, а со новиот Буџет во 2018 Македонија ќе биде задолжена над 1 и пол милијарда евра. И на толку задолжувања сепак нема ниту просечна плата од 500 евра, ниту 100.000 денари плата за докторите.
Очигледно СДС вешто ги изманипулира граѓаните, а за сметка на тоа си ги полнат своите лични сметки по примерот на газда Кочо Анѓушев.
Додека СДС и Заев се луксузираат и ги распродаваат националните интереси, граѓаните чекаат СДС да ги исполнат ветувањата за 500 евра плата, 100.000 денари плата за докторите, повисоките пензии.
Ветувањата на СДС се само еден куп лаги. Граѓаните веќе се свесни дека се излажани од СДС и дека нема да исполнат ниту едно ветување.
Емилија Александрова/ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
УЈП: Се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавите до 26 април 2024 година
-
Инспекторатот ќе контролира дали рабодавачите ја почитуваат владината одлука за неработен ден
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела