Бизарно но вистинито
17. September 2015 - 17:23

Александар жив се забетонира, само тој си знае зошто

Можноста за снимање и закачување на клупови на ЈуТјуб им е достапна на сите. Заради слава луѓето почнаа да снимаат и секакви глупости.

Еден од клиповите кои може да влезе во таа категорија е и овој што го објави Александар Тарасов. Тој се снимаше како се забетонира во када.

Откако ја наполни кадата ова момче влезе во неа и чекаше да се стврдне бетонот.

-Се чувствував како да носам оклоп, рече Тарасов, кој поради овој експеримент се здоби со повреди на градниот кош.

Тој додаде дека сопственикот на станот во кој е снимено ова видео не знаел за неговите планови да се забетонира во када.

Погледнете го ова бизарно видео: