Македонија
29. January 2017 - 17:26

Александар Трајков повторно му е телохранител на Зоран Заев

Александар Трајков телохранителот на Заев кој беше суспендиран од партијата поради насилство и тепање деца во Струмица , повторно го обезбедува лидерот на СДСМ. Од снимката направена синоќа на Бихаќка, се гледа дека Александар Трајков стои зад Зоран  Заев додека овој дава изјава.  Ова значи дека нема ништо од суспензијата на Трајков, тој  повторно работи како телохранител на претседателот на СДСМ

Александар Трајков лани во октомври во дискотеката Платиниум во Струмица нападнал десетина момчиња и девојчиња. Прво се доближил до едно од нападнатите лица, додека тој разговарал со пријателите. Според записникот во МВР Трајков со тупаници го удирал во лице, потоа го продолжил дивеењето за кое има повеќе пријави и записници. Вториот го нападнал со тупаници удирајќи го по стомакот. Од СДСМ насилството го задскриваа, а Трајков откако доби неколку пријави не беше достапен за полицијата. Медиумите пишуваа дека Оливер Спасовски кој тогаш беше технички министер на МВР не можел да дозволи ваквото дивеење на Трајков да излезе во јавност, па случајот не беше наведен во редовниот билтен на МВР кој го испраќаат до медиумите. Но, откако Спасовски не успеа да го сокрие инцидентот кој го предизвика телохранителот на Заев, од партијата пристигна соопштение, дека Трајков бил приватно излезен во дискотеката и поради неговото однесување ќе биде отстранет од придружба на претседателот на СДСМ. Партијата не остана доследа до одлуката и Трајков е повторно вратен на служба да го обезбедува Заев. Инаку ова не е единствен случај придружбата на Зоран Заев да дивее по државата, претходно медиумите пишуваа дека неговото обезбедување физички нападна и малтретираше фоторепортер на Република за што од СДСМ се обидоа да го негираат случајот.