Фудбал
14. February 2018 - 12:01

Алегри со 70 пати поголема плата од Гатузо!

Според италијанските медиуми најслабо платен тренер во Серија А е тренерот на Милан Џенаро Гатузо со месечна плата од 10 000 евра или годишно 120 000 евра. Тоа е истата плата што Гатузо ја имал во младинските категории на Милан.
Најскапо платен тренер е стратегот на Јувентус Масимилиано Алегри со годишна плата од 7 милиони евра додека на второто место тренерот на Интер Лучано Спалети.
Претходникот на Гатузо, Виченцо Монтела имаше годишна плата од 3 милиони евра.