Албин Курти: Демаркацијата на границата може да донесе војна во Косово
Поранешниот лидер и актуелен пратеник на косовското движење „Самопределување“, Албин Курти, предупредува дека прашањето за демаркацијата на косовската граница со Црна Гора, може повторно „да донесе војна во Косово во наредните пет години“.
- Границата е прашање на разделување на територија. Немаме земја некому да подаруваме. На таа земја е пролеана крв и ние немаме крв за простување. Во следните четири до пет години постојат шанси дека повторно ќе има војна, порача Курти од Тирана, протоа барајќи косовскиот претседател Хашим Тачи и премиерот Иса Мустафа да поднесат оставки.
Според него, како што јави дописникот на МИА, одлуката на Владата за повлекување на договорот за демаркација на границата од дневен ред на Парламентот, дошла под притисок на опозицијата, со што на Косово „му се спасени 8.200 хектари површина“.
- На 1 септември постигнавме голем успех, бидејќи спасивме 8.200 хектари. Со договорот на Тачи и Мустафа ние имаме нова граница, а не демаркација. Црна Гора посакува се подлабоко да навлезе на косовска територија за сопствени планови, смета Курти.
Тој нагласува дека договорот со Црна Гора е договор за капитулација на Косово и им се заблагодари на граѓаните за протестите.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање