Македонија
16. January 2017 - 12:53

„Албанските интелектуалци“ – слуги на СДСМ/Сорос и големоалбанските идеи

Со апсурден и трагикомичен „апел“ кој политичките партии требале да го имаат предвид за време на преговорите, вчера се јавија група т.н. албански интелектуалци.

Тие во апелот дословно ги пренесуваат ставовите на СДСМ и речиси и да ги преќутуваат големоалбанските аспирации кои станаа дел од „изборниот пазар“ откако можноста за тоа ја отвори Зоран Заев со неговата партиска платформа за кантонизација и двојазичност.

Па така овие т.н. интелектуалци кои слугуваат на СДСМ до збор ја пренесуваат најапсурдната теза досега невидена никаде во светот дека „поголемиот дел од гласачите се определиле за промени“, односно тврдат дека ако некоја партија не освои апсолутно мнозинство на избори не смее да формира влада со „обична победа“, што е на рангот на размислување на дете од предучилишна возраст и во корен ги подрива темелите на демократијата.

Освен оваа, тие се служат со уште низа флоскули кои се добро втемелени во наративот на СДСМ и нивните медиумски соросови мегафони. Тезите кои ги искажуваат т.н. албански интелектуалци повеќе наликуваат на рангот на пазарџиски муабети или популарно наречено бистрење политика „пред коперација/задруга“ отколку на ставови кои би ги изнел еден интелектуалец.

Таканаречените албански интелектуалци не се интелектуалци ако се идентификуваат со своето етничко потекло, ќе забележи професорката Ванковска.

Таканаречените албански интелектуалци не ја коментираат платформата која ја подготви Еди Рама, а ја потпишаа ДУИ, БЕСА и Алијанса за Албанците, со што си го уриваат и малиот кредибилитет кој би го имале со праќањето на ваков трагикомичен апел. Овие т.н. интелектуалци, исто како и Зоран Заев и соросовите мегафони, не може да се помират со победата на ВМРО-ДПМНЕ, што е во принцип, само нивни проблем.

Нешто околу само нивните проблеми коментира и професорот Љубомир Цуцуловски, кој зборувајќи историски за наводната албанофобија со која албанците ја кријат својата македонофобија, тргнува од времето на Екс-Југославија во која ја анализира состојбата на Албанците. Тој пишува дела Албанците и во тоа време се жалеле дека никој не ги сака, па за да им се докаже спротивното на Косово му била дадена автономија, им било овозможено образование на албански јазик на сите нивоа, била формирана Академија на науки и уметности на Косово, дозволено било веење албански знамиња.

Цуцуловски потоа анализира дека во Македонија по осамостојвуањето состојбата е иста како и дотогаш во СФРЈ, ако не и поповолна за Албанците:

„Беше дозволено образование на албански јазик; негување на албанскиот фолклор и обичаи; продавање (без законска дозвола) на секакви симболи увезени од Албанија или Косово; пеење на националистички и великоалбански песни; барем двапати дојде до амнестија на припадниците на албанските илегални паравоени формации – првпат на паравојската, кога Љубомир Данаилов Фрчкоски беше министер за внатрешни работи, потоа на „борците“ на ОНА од 2001 година. Во исто време, беше дозволено истакнувањето на државните симболи на Р. Албанија, како што се знамето и грбот. Беше дозволено формирање на етнички партии, сеедно што во 1991 г. не гласаа за Уставот на РМ, а во јануари 1992 организираа паралелен референдум за Илирида, со право да се отцепи од матичната држава, Република Македонија. Понатаму, во овој миг постојат најмалку два државни универзитети (на кои се предава на албански јазик), финасирани од државата. Покрај нив е „Штулов универзитет“, како вечен споменик на г-нот Макс ван дер Штул. Во оваа насока, можат да се набројуваат уште многу нешта. Но, и овие се доволни.“

Наместо во еден момент да се задоволат од добиеното Цуцуловски укажува дека нивните барања се радикализираат:

„Сепак, барањата на радикалите од албанските етнички партии не сопираат. Сега, на пример, на господата не им е доволно што употребата на албанското знаме е легализирана, туку сакаат да ги креираат македонското знаме и македонската химна. Сакаат, исто така, да одлучуваат дали Македонците ќе се викале Македонци и дали Република Македонија ќе била Република Македонија, бидејќи и тие биле дел од истава држава, па не им било сеедно за претходните прашања. Во спротивно, не ќе се чувствувале како да се дома. Меѓутоа, на што би личело ако Македонците почнат да одлучуваат дали Албанците ќе се именуваат како Албанци или како треба да изгледа нивното знаме, бидејќи и Македонците живеат во истава држава, па не им е седно како Албанците ќе се именуваат и како ќе изгледа нивното знамето, бидејќи, во спротивно, и тие, Македонците, не би се чувствувале како да се дома. Таквите барања би биле израз на краен простотилук и со оваа оценка, без било каква резерва, целосно се согласувам, исто онака како што претходните барања на албанските етнички партии ги сметам за простотилак и нецивилизираност, еднаква на елементарна несоцијализираност. Не може цело време македонофобијата да се задскрива и да се објаснува со наводната албанофобија. Тоа мора албанските радикали, како и некои нивни македонски подржувачи, да го разберат. Што побргу, тоа подобро. Ако не го разберат, тогаш вината е нивна и само нивна.“