Балкан
25. May 2017 - 8:35

Албанските емигранти за десет години испратиле седум милјарди евра

Депозитите на албанските емигранти, кои главно работат во еврозоната, остануваат значаен избор на приходи за економијата на Албанија.

- Официјалните податоци од Централна банка на Албанија потврдуваат дека во последната деценија, односно периодот 2007/2016 година емигрантите во Албанија трансферирале седум милијарди евра. Оваа бројка е приближно 70 отсто од вкупнот национален производ во албанската економија, односно колку два државни буџета заедно, пренесува тиранската телевизија Топ чанел.

Депозитите кулминација достигнале во 2007 година кога се регистрирани 951 милион евра. Но,откако еврозоната ја зафати финансиска криза, која посебно ги погоди Грција и Италија, каде има најмногу албански емигранти, при што добар дел останаа без работа, приливот на депозити се намалува. Минимумот тие го достигнаа во 2013 година, кога изнесуваа 546,8 милони евра.

Последните три години тие повторно забележуваат благ раст, што е далеку од оној од пред кризата.

Според Банката, минатата година, депозитите на албанските емигранти изнесувале 616 милони евра.

Депозитите на емигрантите и понатаму, за илјадници семејства, претставуваат главен извор на приход, кој ја ублажува сиромаштијата и социјалните проблеми.