Македонија
19. January 2017 - 16:28

Албанските аналитичари поделени: Дел принципиелни за влада на победниците, дел ретерираа од своите ставови

Поделени ставови во албанскиот интелектуален кампус по најавата за коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Додека едни анатлитичари остануваат на ставот кој го имаа во 2014 година, дека владата треба да ја водат победниците во македонскиот и албанскиот политички блок, други две години подоцна, порачуваат дека ДУИ не треба да коалицира со ВМРО-ДПМНЕ.

Академикот Абдулменаф Беџети две години стои на својот став дека треба да се почитува мајскиот договор од 2007 и владата да ја формираат победниците меѓу македонските и албанските политички партии.

Беџети се потпиша на иницијативата по изборите во 2014 со која албанските интелектуалци побараа да се почитува волјата на мнозинството Албанци во Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, партијата која тогаш имаше апсолутно мнозинство во Собранието за партнер во Владата да го одбере ДУИ, како одраз на волјата на албанскиот етникум во Македонија. И денеска, две години подоцна, академикот не го менува ставот.

-Останувам на тој став. Мислам дека денеска не може да се направи таа споредба само со бројот на мандатите или бројот на гласови кои структури прават повеќе од 50% на албанските гласови со право на легитимитет и во духот на принципите и демократијата? Ваквото сметање за жал го комплицираат и албанските гласови за македонските партии, за кои никој со сигурност не знае колку се, вели Беџети за ТетоваСот.

Меѓу албанските интелектуалци кои во 2014 побараа коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ како победници на изборите беше и Насер Зибери. За разлика од Беџети, неговиот став комплетно се смени по изборите во 2016

Покрај Зибери лесни за промена на ставови се покажаа и Алберт Муслиу, Мерсел Биљали, Исмет Рамадани и уште неколку политички аналитичари од албанскиот интелектуален корупс во Македонија. Ако во 2014 бараа да се почитува волјата на мнозинството Албнаци кои на ДУИ му дале над 150.000 гласови, денеска немаат проблем да одат против себе и да бараат инсталирање на двојни аршини кога се работи за Македонците и почитување на нивната изборна волја изразена преку над 450.000 гласови за ВМРО-ДПМНЕ.

Принципот на коалицирање на двете партии со најмногу гласови во македонскиот и албанскиот етнички блок беше воведен пред изборите во 2008 година на барање на ДУИ. Од тогаш до денеска ниту еднаш не бил прекршен.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во последното интервју потенцираше дека евентуалното прекршување на овој принцип го ослободува ВМРО-ДПМНЕ од обврски во иднина и му остава простор, по сопствена проценка да го одбере коалициониот партнер во Владата.