Македонија
20. November 2017 - 8:26

Албанскиот претседател Мета во посета на Македонија

Претседателот на Албанија Илир Мета денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија на покана на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

Ивано и Мета претпладнево ќе имаат тет-а-тет средба во претседателската „Вила Водно“ по што е предвиден пленарен состанок на делегациите на двете земји.

За содржината на разговорите претседателите Иванов и Мета ќе ја информираат јавноста на заедничка прес-конференција.

Албанскиот претседател денека треба да има средба и со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери.