Македонија
25. March 2016 - 8:38

Албанскиот пратеник Кета: Состојбата во Голо Брдо за жалење

По реакцијата на Македонското друштво „Илинден“ и репортажата емитувана на локалната телевизија во албанскиот пограничен град Булќиза за немањето основни услови за живот во областа Голо Брдо, реагираше  пратеникот за околијата Пешкопеја во албанскиот Парламент Роланд Кета.

- Во областа Голо Брдо нема патна инфраструктура, нема  чиста и здрава вода за пиење, нема амбуланти. Тешка е состојбата и во Булќиза. Жителите од Голо Брдо и во Булќиза ја изгубија надежта, зашто за овие зони не е ништо направено, изјави за ТВ Булќиза пратеникот Кета.

Тој додава дека во најголемото село во Голо Брдо доаѓа лекар само еднаш неделно, а дугите денови жителите од оваа област, која ја сочинуваат 22 села се оставени, како што вели, на „волјата на Бога“. И болницата во Булќиза е во многу лоша состојба, додава Кета и нагласува дека не е реновинара повеќе од дваесет години.

Како што оценува Кета, состојбата во Голо Брдо е за жалење, поради што жителите се принудени да го нашутаат родниот крај. Тој додава дека за сотојбата зборувал во Парламентот и оти и понатаму „ќе биде гласот на жителите од оваа област за проблемите“.