Македонија
13. January 2017 - 18:43

Албанскиот амбасадор тврди: Еди Рама не ја пишуваше платформата, само се грижи за своите сонародници

Албанскиот Амбасадор во Копје  Фатос Река за радио Слободна Европа демантираше дека Албанија се меша во внатрешните работи на македонија. Средбата со албанските партии во Македонија со премиерот на Албанија Рама за него не е мешање во внатрешните работи на Македонија. Во интревјуто за Слободна Европа тој вели дека Али Ахмети, Биљал Касами и Зијадин Села сами ја составиле и потпишале заедничката  платформа. На парашњето како Тирана  би реагираладоколку лидерите на Македонците од Албанија дојдат на консултации во Скопје,  пред или по изборите во Албанија тој одговара вака

„Практиката на минатите избори во Македонија најдобро покажа дека Република Албанија немала апсолутно никаков вид на предрасуда за гласачите од македонското малцинство кои дошле и гласале и тука во Скопје и во другите градови на Македонија. Тоа, просто, е еден вид згрижување кое владата на Македонија во претходниот случај го има покажано кон нејзините гласачи кои не живеат на македонска територија,“

Премиерот Еди Рама прв ја поздрави платформата на албанските партии во Македонија, оценувајки ја како историска.

Лидерите на албанските партии во Македонија токму кај Рама беа двапати на разговори, а потоа и кај косовскиот претседател Хашим Тачи. Од тие разговори произлезе заедничката платформа на албанските партии во земјава од која влат, нема да отстапат без оглед со кого ќе се преговара за нова влада.