Свет
26. May 2017 - 15:34

Албански државјанин меѓу приведените за нападот во Манчестер

Меѓу приведените во врска со терористичкиот напад во Манчестер во понеделникот, е и едно лице со државјанство на Албанија, објавија денеска приштинските медиуми.  

Истите извори наведуваат дека британската полиција потврдила оти еден од приведените поседува албански пасош, но одбила да го соопшти неговиот идентитет.

Медиумите посочуваат дека полицијата извршила претрес во домот на приведениот албански државјанин, откако соседите пријавиле дека се сомневаат оти таму има бомба.