Балкан
13. April 2017 - 19:37

Албанската Влада го усвои Предлог законот за малцинства

Албанската Влада на вчерашната седница го усвои Предлог-законот за заштита на националните малцинства во земјата, што набрзо треба да се најде на дневен ред на Парламентот.

Во член 3 од Законот пишува дека за национални малцинства во Албанија се сметаат: Грците, Македонците, Власите, Ромите, Египќаните, Црногорците, Бошњаците и Србите.