Албанската опозиција денеска на масовен антивладин протест
Албанската опозиција денеска на пладне најави одржување на досега најмасовен антиваладин протест.
Најголемата опозициска сила Демократската партија протестите ги најавила и во полиција, при што во известувањето се наведува дека истите ќе се одржат пред Владата, дека ќе траат четири часа и оти поради тоа побарала блокирање на сообраќајот на плоштадот „Народни херои“.
Како што најави лидерот на демократите, Љуљзим Баша, целта на протестите е „слободни и демократски избори“.
- Ги повикувам сите сограѓани на протести против Владата. Да протестираме сите заедно против неправдата и сиромаштијата, против болното здравство и уништеното образование, против владината ароганција и притисок, против дрогата, криминалот и криминалците во политиката. Да ја заштитиме слободата, за да избереме и да потврдиме решителност за да го заштитиме гласот, апелираше лидерот на ДП, Љуљзим Баша.
Според него, само со храброст и одлучност може да се врати власта кај народот, а слободни избори се главен услов за започнување преговири на ЕУ со Албанија.
Полицијата во меѓувреме информраше дека „е мобилизирана бидејќи очекува провокации од страна на учесниците во протестот“.
- Мерките на полицијата ќе бидат идентични како и на претходните протести. Првиот кордон ќе биде со полицајки. Имаме информации дека е можно провоцирање од страна на учесниците во протестот со фрлање камења, потврдиле од полицијата.
Исто така, полицијата потврди дека протестот ќе почне во 12 и ќе заврши во 16 часот и апелира до организаторите за воздржаност.
Заради безбедност, американската амбасада во Тирана до своите граѓани кои живеат во Албанија упати апел да избегнуваат движење во близина на местото каде ќе се одржува протестот.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот