Балкан
4. December 2015 - 11:40

Албанија доби нова полугола презентерка

Веројатно се сеќавате на албанската ТВ презентерка Енки Брачај, која таа работа ја доби откако на аудиција дошла со раскопчана кошула. Енки, подолго време презентираше вести без градник и привлече големо внимание, па се одлучи да позира гола за Плејбој за да стане уште повеќе позната.
 
Тоа не му се допаднало на нејзиниот шеф, па 21-годишната презентерка најпрво била суспендирана, а неодамна добила и отказ, иако поради неа гледаноста на телевизијата драстично била зголемена.
 
Голотијата и топлесот се и понатака забранети во Албанија, каде 60 проценти од населението се муслимани. Замена за Енки е нејзината колешка Грета Хоџа која исто така нема проблем да го покажува своето голо тело, пишува Дејли Меил.
 
Грета доаѓа од Тирана, а гледачите ги воодушевила кога облекла албанска народна носија за Денот на независноста. Секако носијата била откопчана.
 
Директорот на оваа телевизиска куќа, Исмет Дришти не сакал да коментира за проблемите со Енки, наместо тоа ја пофалил Грета за нејзината професионалност.