Балкан
30. March 2017 - 8:38

Албанија блокира 188 тони бразилско месо поради анализа

Поради случајот со бразилското месо со поминат рок, албанската Национална агенција за храна ги засили мерките на контрола во пристаништето Драч, од каде единствено се внесува увезеното бразилско месо.

Според наредбата на Министертото за земјоделство, во текот на следниот месец, секоја увезена количина месо од Бразил нема да може да влезе на албанска територија без претходна анализа.

Во измнатите два дена, поради анализа, блокирани се претходно пристигнати 188 тони бразилско месо. Станува збор за 134 тони свинско и 54 тони пилешко месо, кои биле складирани во три магацини-ладилници во Тирана и по еден во Фиер и Елбасан.