Балкан
27. September 2016 - 20:56

Албанец изгради Бела куќа среде Србија, еве каква е од внатре

Антички столбови, позлатен мебел, Ламборџини во претсобјето, римски богови, нема што нема...

Милионерот Кинед Фрокај во Ѓаковица изгради куќа која по архитектонското решение се различува од се што сте имале можност да видите.

Foto: Youtube printscreen

Конструкцијата ја носат 16 антички столбови, а на покривот се виорота дури четири знамиња: на Албанија, САД, Швајцарија и на Косово.

Foto: Youtube printscreen

Внатрешноста од куќата е приказна за себе...На таванот се пресликани мотиви од Сикстинската капела, насекаде има позлатен мебел и скулптури на римски богови, а најчуден експонат е, ни помалку ни повеќе туку вистински Ламборџини.

Foto: Youtube printscreen

Сопственикот на вилата вели дека бил инспириран од старогрчката култура, а на тоа требало да укаже и една слика од Косовскиот бој која се одигрува пред храмот Партенон.

Foto: Youtube printscreen

Косовскиот портал „Бота сот“ објави прилог за овој интересен дом и за нејзиниот градител Кенед Фокај, кој со години живее и работи во Швајцарија.