Македонија
6. December 2016 - 19:15

Албанците од дијаспората: Поддршка за СДСМ, наредба за Груевски

Албанската дијаспора преку отворено писмо испрати директни  услови до Груевски за албанците . Претставникот Љамалари преку писмото бара промена на името на Македонија, да се промени знамето, химната и државниот грб. Од албанската дијаспора и со услов да започне процесот за регистрација на населението според европските стандарди и под надзор на ОБСЕ. Претседателот на албанската дијаспора посочувајќи ги условите, во писмото до Груевски пишува  –

-Вие сте добро запознаени дека албанците на дијаспората ги негираат изборите, исто како што ги негира и дијаспората која јас ја претставувам заедно со моите соработници. Исто така вие сте добро запознаени дека ние како дијаспора, за што се залагаме, нешто што во ниту случај не се разликува од барањата на Европската Унија и НАТО.

Албанската дијаспора вели Љамалари, уште еднаш ве потсетува дека треба да се смени името и државните симболи на МАкедонија.

-Значи и вие како и ние како дијаспора сме свесни дека Зоран Заев предводи политичка партија со граѓански концепт , со европските социјал-демократски начела , каде во нејзината програма нагласена е идејата за благосостојба на граѓаните. Ова не значи дека во минатото СДСМ се има држано до овие начела, каде нивните грешки под влијание на политиките на милошевиќ, и ден денеска се во меморијата на албанците и затоа со скептицизам се гледа на граѓанската опција на СДСМ и Зоран Заев, пишува Љамари.

Претседателот на албанската дијаспора инаку во изјави за медиумите претходно потврди дека се залага за федерализација на Македонија. Муса Љамалари во април призна дека остварувал средби со Заев, разговарале за федерализација и по таа средба помалите албански партии излегле на улица да го поддржат Заев да нема избори. Лидерот на СДСМ Заев пак пред да ја стартува изборната кампања оствари средба со албанската дијаспора во Швајцарија каде зборуваше за проширување на рамковниот договор и воведување двојазичност во земјава.