Македонија
25. May 2016 - 12:23

Алармантна статистика: За три месеци годинава починале 61 доенче

Природниот прираст во Македонија во првото тримесечие бил позитивен, но е евидентирано намалување на бројот на живородени деца во споредба со истиот период во 2015 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Во првиот квартал се родени 5.537 деца, што е за 0,8 отсто помалку од лани.  

Намалување од седум отсто е регистрирано и кај умрените лица, чиј број во првото тримесечие изнесувал 5.495, а од нив 61 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е 42 лица, што значи дека за толку бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица