Македонија
11. August 2016 - 15:28

Активисти и волонтери на СДСМ помагаат во санирањето на штетите од невремето

Активистите и волонтерите на СДСМ денеска помагаат во санирањето на штетите во поплавените подрачја.

СДСМ соопшти дека заменик претседателката на партијата Радмила Шекеринска заедно со тимови од волонтери и активисти на партијата им помагала на жителите во населените места погодени од поплавите.

- Се расчистуваат домовите и дворовите на жителите, се испумпува насобрана вода каде што се уште има, се дели вода за пиење, конзевирана храна и средства за лична хигиена, се наведува во соопштението од СДСМ.

Оттаму информираат дека нивната пратеничка група побарала и свикување на итна собраниска седница на која би се расправало за состојбата во поплавените подрачја и би се донеле конкретни мерки и заклучоци.