Активен пожарот во Гоцевата шума кај Неготино
Пожарникарите се уште го гасат пожарот во Гоцевата шума кај Неготино, кој избувна вчера околу 16 часот, информира утринава Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино. Пламените јазици зафатиле трева, меѓи, лозови насади, но и дел од шумата.
- Засега не може да се каже колкав дел од шумата е зафатен од пожарот, кој со часови се обидуваме да го локализираме, а кој беше помогнат од силниот ветер. Сега е најважно тој да биде целосно изгаснат, рече Илиев.
Во гаснењето на пожарот тие до еден часот по полноќ учествувале со 8 пожарникари и три противпожарни возила. На помош им дошле и тринаесетина работници од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија со едно возило, тројца кавадаречки пожарникари со противпожарно возило и една цистерна од компанијата „Кожувчанка“.
Ново на Сител
-
Претседателски избори
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ, универзитетски професор
-
Владата одлучи: Деновите за гласање ќе бидат неработни за сите
-
Партиите потпишуваа кодекс за фер и демократски парламентарни избори
-
Османи лично решил Македонија да биде коспонзор на резолуцијата за Сребреница
-
ЦГК: Училиштата трошат 10 милиони евра пари на родителите без отченост и транспарентност
-
Кавга меѓу Арсовска и Костадиновска Стојчевска: Министерката ќе ја тужи градоначалничката
-
Приватните специјализанти извисија - Решение после избори