Активен пожарот во Гоцевата шума кај Неготино
Пожарникарите се уште го гасат пожарот во Гоцевата шума кај Неготино, кој избувна вчера околу 16 часот, информира утринава Иле Илиев, командир на Територијалната противпожарна единица од Неготино. Пламените јазици зафатиле трева, меѓи, лозови насади, но и дел од шумата.
- Засега не може да се каже колкав дел од шумата е зафатен од пожарот, кој со часови се обидуваме да го локализираме, а кој беше помогнат од силниот ветер. Сега е најважно тој да биде целосно изгаснат, рече Илиев.
Во гаснењето на пожарот тие до еден часот по полноќ учествувале со 8 пожарникари и три противпожарни возила. На помош им дошле и тринаесетина работници од подружницата на „Македонски шуми“ од Демир Капија со едно возило, тројца кавадаречки пожарникари со противпожарно возило и една цистерна од компанијата „Кожувчанка“.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење