Џет-Сет
18. February 2018 - 13:29

Актерката живее со сопругот и 18 години помлад маж и никој не ја осудува - тоа го може само таа

Ексцентричната оскаровка, 56-годишната актерка Тилда Свинтон живее со уметникот, 78-годишниот Џон Бин со кој има две деца, близнаците Хонор и Гзавијер. Со нив живее и нејзиното помладо момче Санро Коп, а некое време со нив живеела и девојката на нејзиниот сопруг. Станува збор за целосно неконвенционална, но и среќна фамилија која предизвикува чудење во јавноста.
 
-Свесна сум дека сме поинакви, но сме многу среќни и ваквата заедница и тоа како функционира. Луѓето се склони на осудување на сѐ што е поинакво, тоа не ме чуди ниту вознемирува - објаснила Тилда во едно интервју.